Блерим Сејдиу е роден на 4 септември 1985, во Тетово. По завршувањето на основното образование во основното училиште “Пашко Васа” во Групчин, го продолжил натамошното образование во гимназијата “Кирил Пејчиновиќ” во Тетово. Своето високо образование го стекнал на Правниот Факултет во Универзитет на Југоисочна Европа, во Тетово. Посдипломските студии ги завршил во Универзитетот ФОН во Скопје, при што се стекнал со научната титула магистер во областа на правните науки. Блерим Сејдиу успешно работел како правник неколку години поназад, извршил важни задачи со успех и чесност. Тој бил секретар на футбалскиот клуб Шкендија во најуспешниот период на клубот, 2008/2011, а од 2010 до 2016 година бил и шеф на правниот отдел во Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје. На локалните избори во октомври 2017 година, го доби градоначалничкиот мандат во Општина Желино.

Блерим Сејдиу е оженет и татко на две деца.

e-mail: blerim.municipality@gmail.com

Comments are closed.

Close Search Window