Општина Желино ја врши својата дејност како локална власт во нејзиниот епицентар, во село Желинo. Според првата административна поделба како општина, Желинo му припаѓа на Полошкиот регион, кој во својот регионален состав избројува целосно девет општини . Општината е основана уште од првата организирана територијална поделба во периодот од политичкиот плурализам, во 1996 година.   Општина Желино ја сочинуваат село Желино и 17 други рурални населени места, со вкупно 24.390 жители (податоци според пописот од 2002 година) и зафаќа површина од 199 км2.

Според морфолошката структура, територијата на општината се карактеризира со рамни полиња и ридско-планински населби. Оваа локална единица е позната поради својата поволна географска положба, нејзиното културно наследство и природните убавини. Покрај тоа, има интересна позиција на нејзиното проширување: југоисточниот и северозападниот дел му припаѓат на долниот полог. На десната страна на река Вардар, преку суви планински падини, навлегува низ потокот на реката Треска. Во 2018-та година, од 18 до 22 јули, во Општина Желино за првпат се организираше Фестивалот за културно наследство, саем со социален, фолклорен и културен карактер и со учество на сите села што им припаѓаат на Општина Желино, вклучувајќи и околу 5.000 (пет илјади) гости од земјава и од соседните земји, саемска манифестацијa која ја истакнува културната и народната традиција на секое село.

Според првата административна поделба како општина, општина Желино се граничи со општина Тетово, Брвеница, Јегуновце, Mакедонски Брод, Сопиште и општина Сарај. Во општина Желино се наоѓат селата: Желино, како нејзино седиште; Стримница, Долна Лешница, Горна Лешница, Tребош, Палатица, Озурмиште, Дебарца, Групчин, Чифлик,Ларца, Копачиндол, Ново Село, Рогле, Mерово, Луковица,Седларево и Церово. Во општина Желино живее претежно албанско население, како што следува: 99% албанци, а само 1% се дел од македонското население и други заедници (според најновите податоци од пописот од 2002 година).

Главни органи на општината се Градоначалникот и Советот на општината, кој брои вкупно 19 советници. Советот на општина Желино е преставнички орган на граѓаните кој што одлучува согласно Законот за локална самоуправа и врз основа на утврдени надлежности. Седниците на Советот се свикуваат по потреба и истите се јавни за да можат граѓаните да ги следат. Што се однесува до организацијата и работата на Советот на Општина Желино , како главни надлежности би ги издвоиле:

–  Советот избира претседател на Советот и членови на постојаните и повременитe комисии.

– Советот одлучува со мнозинство гласови од присутните членови на Советот, а најмалку 1/3 од вкупниот број членови на Советот.

– Статутот, буџетот на општината, конечната сметка на буџетот, работниот план и одлуките за донесување на урбанистичките планови се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови на Советот.

Општина Желино континуирано работи на подобрување на пристапот кон граѓаните,  со цел  постигнување на повисоко ниво на транспаретност и за подобрување на квалитетот на услугите што ги даваме за нашите граѓани, кои се наш главен приоритет. Граѓаните се активно вклучени во процесот на одлучување, што може јасно да се изјаснат за одредени прашања, и директно учествуват  во јавната консултација за нацрт буџетот. Претседателот на општината има одредени термини за консултацуии со граѓаните, и тоа два пати неделно. Истотака, постои канал за директна онлајн комуникација на веб-страницата преку кој граѓаните можат да искажат загриженост, да поднесат барања и жалби.

Општина Желино ја сочинуват следните села:

Знаме на општината
Амблем на општината

Регион:

Полошки

Површина:

201.04 км2

Надморска височина:

755 м

 

Население (2002):

24,390

Густина: 120/км2

Временска Зона:

UTC+1 (CET)

Префикс:

044

Comments are closed.

Close Search Window