Новости

28.09.2019

Во рамки на работните активности за реконструкција на локалните патишта,Градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу,  денеска изврши увид во напредокот на работите за реконструција на локалниот пат во село Ново Село, во должина од 1250 м,широчина 4 м, и инвестициска вреднсот од 6.755.357 денари.  Пројектот се реализира преку грант-средства од Светската Банка , односно преку проектот за подобрување на општинските услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии  со подршка на Светска банка. Планирано е реконструкцијата на овој патен правец да заврши во крајот на месецот, и истиот ќе биде пуштен во употреба во 01.10.2019.

Comments are closed.

Close Search Window