01.08.2019
Градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, денеска присуствуваше на пуштање во употреба на локалниот пат во село Групчин, во должина од 1800 м,широчина 3.6 м, и инвестициска вреднсот од 8.878.696 денари. Пројектот се реализира преку грант-средства од Светската Банка, односно преку проектот за подобрување на општинските услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со подршка на Светска банка.