01.09.2019
Задоволство е да ги радуваш учениците во новата учебна година!
По завршувањето на внатрешната реконструкција на основното училиште “Фан Ноли”, денеска заедно со учениците, наставниците и родителите, и во присуство на градоначалникот Сејдиу, на свечено отварање беше пуштено во употреба новото целосно реконструирано училиште. Над 300 деца во село Палатица, Желино, добија подобри услови за настава преку грант-средства од Светската Банка, во вреднсот од 8.988.550 денари, односно преку проектот за подобрување на општинските услуги-МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со подршка на Светска банка. На општина Желино и беа доделени 21 милион денари за спроведување на три проекти: реконструкција на училиштето во село Палатица и реконструкција на локалните патни правци Групчин и Ново Село.
Градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, истакна дека општината учествува во кофинанцирање на трите пројекти со околу 3.622.057 денари, додека главен приоритет останува подобрувањето на условите за образование во општина Желино, и дека ќе продолжат и понатаму да работат во насока на подобрување и приспособување на образовната инфраструктура. Истотака, градоначалникот Сејдиу, по повод почетокот на новата учебна година, им го честиташе почетокот на новата учебна година на сите ученици, особено на оние кои за прв пат седнаа во училишните клупи на новата прекрасна градба, како храм на знаење што ќе им овозможи квалитетно образование на сите генерации на ова училиште.